Работен Состанок со Управен одбор на ИОРРМ

На 06.06.2019 година во просториите на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, се одржа работен состанок на членовите на Советот и членовите на Управниот одбор на Институтот на овластени ревизори. Состанокот го свика и со него раководеше претседателот на Советот, Премтим Исени.

На состанокот присуствуваа членовите на Советот: Илија Андовски, Анета Трајаноска, Зорица Божиновска Лазаревска ,Благоја Христов ,Николаки Миов, Координаторот на стручната служба на Советот,Дафина Талева Хаџи- Васкова, Марија Кузманов, соработник во Стручната служба на Советот и членовите на Управниот одбор на Институтот: Драган Димитров,– претседател, Душко Апостоловски, Драган Давитков,Антонио Велјанов, Владимир Соколовски, Стојан Јорданов и Крсто Несторовски и Генералниот секретар на Институтот Тања Тодоровска.

Целта на состанокот беше изнаогање на заедничко решение за некои проблеми со кои се соочуваат Советот и Институтот при своето работење,поради делумна неприменливост на одредени одредби од Законот за ревизија .Во дискусиите преовлада мислењето дека е неминовно во новиот Закон за ревизија да се регулираат дисциплинските постапки при изрекување на дисциплинските мерки со утврдена градација на истите, како и корекција на постојните кратки рокови за постапување дадени во Законот.Исто така,беше нагласена потребата од корекции на Одлуките на Институтот донесени за изречените дисциплинси мерки во делот на сите потребни елементи кои треба да бидат содржани во нив.

На работниот состанок присутните дискутираа и за начинот и постапката на спроведување на контролата на квалитет, притоа образложувајки ги разликите во зависност дали се врши редовна или вонредна контрола, како и проблемите со кои се соочуваат при вршењето на истите бидеки треба да се внимава дали и во кои случаи треба да се реагира по поднесени преставки ,во зависност од основаноста на истите,бидејки само при вршење на целосна контрола се добива одредено мислење.

Во врска со вонредните контроли, кои се на барање на Советот, членовите на Управниот одбор наведоа повеќе дилеми и прашања. Посебно беше третирано прашањето кој би требало иницијално да ги сноси трошоците за спроведување на вонредната контрола, како и дали треба да се извести субјектот за резултатите од контролата, бидејќи субјектот врз основа на извршената контрола може да преземе понатамошни дејствија, односно судски постапки.

Ваквите заеднички работни состаноци беа оценети како доста конструктивни поради што присутните заклучија и понатаму да се применува ваквата пракса на непосредно комунуцирање на Советот и Институтот.