Работен состанок на СУНРРМ

На 12.02.2019 година, на иницијатива на претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, Премтим Исени во просториите на Советот се одржа заеднички работен состанок на членовите на Советот и членови на Управниот одбор на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија.

Целта на заедничкиот состанок беше разгледување и давање мислење по Предло-законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија и Предлог- законот за вршење на сметководствени работи, кои беа доставени на мислење од министерството за финансии.

По разгледување на предложените текстови по двата закони и сеопфатна дискусија од аспект на предложените решенија кои се однесуваат пред се на надлежностите на Советот и развојот на ревизорската професија , се заклучи да се достави заедничко мислење до министерството за финансии врз основа на мислењата, предлозите и сугестиите презентирани на заедничкиот работен состанок на Советот и Институтот.