Посета на друштвото за ревизија Мур Стивенс ДОО Скопје

Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, продолжи со активноста и на 04.04.2019 година претседателот на Советот – Премтим Исени, координаторот на стручната служба – Дафина Талева Хаџи Васкова, соработникот Светлана Ѓорѓиевска и членот на Советот – Анета Трајаноска, остварија посета на друштвото за ревизија Мур Стивенс ДОО Скопје.

Претставниците на Мур Стивенс ДОО Скопје, Антонио Велјанов и Гоце Христов дадоа свои видувања за правецот во кој треба да се движи ревизорската и сметководствената професија, нагласувајќи ги клучните разлики и точките во кои се преплетуваат двете професии. Го истакнаа значењето, улогата и потребата од продлабочувања на соработката со Централниот регистар на Република Северна Македонија, во насока на зголемување на базата со податоци за прашања кои се однесуваат на лицата кои вршат ревизија. Гоце Христов, во својство на претседател на Комисијата за контрола на квалитетот на ревизорските услуги даде исцрпно образложение за начинот на работењето на Комисијата, како и за проблемите со кои се соочуваат. Исто така, се направи дигресија на развојот на контролата и се дадоа предлози каде треба да се движат измените на Законот за ревизија, со цел усогласување на македонското законодавство со 8-та ЕУ Директива.