Посета на друштвото за ревизија Бакер Тили Јоанидис ДООЕЛ Скопје

Претседателот на Советот – Премтим Исени, координаторот на стручната служба – Дафина Талева Хаџи Васкова и соработникот – Светлана Ѓорѓиевска на 23.04.2019 година беа во посета на друштвото за ревизија Бакер Тили Јоанидис ДООЕЛ Скопје, со што беа заокружени посетите на друштвата за ревизија, кои се дел од меѓународните мрежи.

Овластениот ревизор Љубица Јоанидис накусо ги запозна претставниците на Советот со почетоците и развојот на Бакер Тили Јоанидис ДООЕЛ Скопје. На состанокот беа отворени прашања за проблемите со кои се судрува ревизорската професија. Во поглед на настаните за континуирано професионално усовршување се дадоа предлози за вклучување на странски експерти од областа на ревизијата и организирање на работилници со практични примери. Исто така, за одредни испити за стекнување на звањето ревизор се предложи организирање предавања, како би можеле полесно да се совлада материјата. Беше нагласена потребата од продлабочување на соработката со Централниот регистар на Република Северна Македонија, како и поголема комуникација на овластените ревизори меѓусебно, со посебен акцент за обврската за комуникација со претходниот овластен ревизор на субјектите каде што вршат ревизија, согласно со меѓународните стандарди.