Посета на друштвото за ревизија Аудит Македонија ДОО Скопје

Претседателот на Советот – Премтим Исени, координаторот на стручната служба – Дафина Талева Хаџи Васкова и соработникот – Светлана Ѓорѓиевска на 23.04.2019 година беа во посета на друштвото за ревизија Аудит Македонија ДОО Скопје.

На работниот состанок присуствуваа Кирил Андоновски и овластените ревизори Димитар Андоновски и Елена Адамова. Се отвори дискусија за приходите кои ги остваруваат друштвата за ревизија во изминативе години и се дадоа конкретни идеи за можноста за проширување на пазарот, нагласувајќи ги придобивките од истите на државно ниво. Исто така, се дискутираше за проширување на опфатот на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија. Димитар Андоновски, кој е член на Дисциплинската комисија при Институтот на овластени ревизори на Република Македонија истакна дека дисциплинските мерки на друштвата за ревизија се премногу ригидни и истите треба да бидат пропишани соодветно на тежината на повредата. Исто така, потребно е да се предвиди и можноста за жалба на изречените Одлуки за дисциплински мерки од независен орган.