Нова работна средба во СУНРРМ

Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија Премтим Исени и Координаторот на Стручната служба на Советот на 28.05.2018 година,одржаа работна средба со претставникот на друштвото за ревизија Владимир Соколовски од Ernst & Young (big four) од Република Македонија и претставниците на друштвата за ревизија – членки на меѓународни ревизорски мрежи Стојан Јорданов од RSM Macedonia и Дарко Калин од A&BA Group.

Работната средба претставуваше заокружување на предвидените работни средби со претставниците на big four oд Република Македонија и претставниците на друштвата за ревизија – членки на меѓународни ревизорски мрежи.

На средбата претставниците на друштвата за ревизија ги презентираа проблемите при работењето, нивните конкретни предлози за подобрување и развој на ревизорската професија, како и нивните очекувања од Советот во однос на иницијативите за промена на одредена законска регулатива.