Меморандум за соработка со АЈНРРС

На ден 15.07.2015 година во Љубљана, Словенија во седиштетото на Агенцијата за јавен надзор на ревизијата на Република Словенија, Советот ја продлабочи својата соработка со тамошниот регулатор со потпишување на Меморандум за соработка. Со овој Меморандум се отвара простор за понатамошна успешна соработка, размена на информации и искуства, организирање на заеднички контроли и зајакнување на кадровските капацитети, како и зајакнување на системот за надзор на ревизијата помеѓу двете тела. Склучувањето на овој Меморандум е од големо значење за Советот. Репрезентативната брошура на Советот можете да ја преземете од овој линк. Презентација од Советот можете да ја преземете од овој линк.