Континуирано професионално усовршување

Во рамките на остварувањето на една од надлежностите на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија – следење на спроведувањето на годишната програма за континуирано професионално усовршување на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, г-дин Премтим Исени со вработената Светлана Ѓорѓиевска, присуствуваа на првиот циклус часови за 2019 година во организација на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија. Истиот се одржа на 30 и 31 мај 2019 година во Холидеј Ин – Скопје.

На првиот ден од обуката беа опфатени и разработени следниве теми:

  1. Една година од примената на Општата регулатива за заштита на личните податоци,
  2. Самоевалуација на контролорите во пресрет на новиот Закон за заштита на личните податоци,
  3. Панел дискусија на тема: “Проблеми и предизвици во професионално организирање и регулирање на независните професии”, и
  4. МСФИ 15 – Договори со купувачи.