УЧЕСТВО НА 19. „ПОТКОМИТЕТ ЗА ВНАТРЕШЕН ПАЗАР И КОНКУРЕНЦИЈА“ ВО РАМКИТЕ НА СПОГОДБАТА ЗА СТАБИЛИЗАЦИЈА И АСОЦИЈАЦИЈА НА РС МАКЕДОНИЈА И ЕВРОПСКАТАУНИЈА, ВО БРИСЕЛ, КРАЛСТВО БЕЛГИЈА,

Делегацијата на СУНРРСМ, предводена од претседателот на Советот Александар Наумоски и координаторот на стручна служба Жарко Камчев,  зема активно учество на 19–от „Поткомитет за внатрешен пазар и конкуренција“ што се одржа на 12.ноември 2024 година во седиштето на Европската комисија во Брисел, Кралство Белгија,  а врз основа на Спогодбата за стабилизација и асоцијација на РС Македонија со Европската Унија, во копредседателството на Министерството за Економија при Владата на РС Македонија и претставниците на Европската комисија во Брисел (од Комесаријатите  за Правда, Финансии, и Проширување и добрососетска соработка).

Македонската делегација, составена од 15 инволвирани државни институции  ја предводеше Хаким Сума, државен советник од Министерството за Економија, а придржувана и од Ерсин Баки, Првиот секретар при Мисијата на РС Македонија при Европската унија во Брисел.

Во рамките на дискусијата на подтемата 6.„Право на трговски друштва“ делегацијата на Советот ја промовираше стратешката цел, преку стручни анализи, препораки, советувања и вршење независен јавен надзор на ревизијата, работи во насока на нејзино унапредување, поттикнување и придржување кон високите професионални стандарди во ревизорската професија, со цел да се зголеми довербата и транспарентноста во податоците и информациите искажани во финансиските извештаи на деловните ентитети, а со тоа да се минимизираат потенцијалните ризици со што се влијае кон подобрување на целокупната бизнис клима во РС Македонија.

Од страна на претставниците на Комесаријатот за Финансии (DG FISMA) беше истакната неопходноста, во новиот Закон за ревизија, покрај Директивата (2014/56/ЕU) и Регулатива (537/2014) EU за ревизија, е потребно имплементирање и на новата Директива на ЕУ 2022/2464 по однос на известувањето за корпоративна одржливост. Претставникот на Министрството за финансии на македонската влада се согласил со наведената обврска.

На маргините на Поткомитетот, делегацијата на СУНРРСМ имаше одвоени состаноци со представниците на Комесаријатите за Правда, Финансии и Проширување и добрососетска соработка, а со барање за нивна  логистичка поддршка за идното членство – со статус на надбљудувач, на Советот во „Комитетот на европските тела за надзор на ревизијата“ во Брисел („CEAOB„).