Претставници на Советот во состав Премтим Исени, Претседател на Советот и претставник од стручната служба на СУНРРМ, во период од 24-25.10.2017 во Виена, Австрија, присуствуваа на РАБОТИЛНИЦА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СВЕТСКА БАНКА – ЦЕНТАР ЗА РЕФОРМА НА ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ на тема: (WB-CFRR, Advancing in Accounting&Auditing Regulation: “Improving Complience throught Better Enforcement and Adequate Requirements for Non-Financial Reporting”).
На работилница присуствуваа и претставници од 6 земји партиципиенти на тнр. РЕПАРИС програмата на Светска банка: Србија, Косово, Албанија, Црна Гора како и Босна и Херцеговина со две земји претставнички (на Федерација БиХ и на Република Српска). Во делот на пленарните дискусии, присустуваа и претставници на земјите на тнр. СТАРЕП програма на Светска банка (Арменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Молдавија, Грузија и Киргизија)
Основните теми на работилница се однесуваа на дискусии на севкупниот аспект на не-финансиско известување за компаниите (како составен дел на ревизорскиот извештај) и известување од страна на надзорните тела со посебен акцент на контрола на квалитет. Презентациите и дискусиите што се воделе од страна на сите учесници на работилницата, се однесуваа на различен принцип на имплементирање на контрола на квалитет од што произлезе потребата на изменувања и дополнувања на законските регулативи во националните законодавства и нивното усогласување со acquis communautaire.
Од страна на претставниците на CFRR Виена извршена е и презентација на нова програма – „ПУЛСАР„ (финансирана од Швајцарска Влада и Австриско министерство за надворешни работи а каде покрај тнр. „РЕПАРИС„ држави ќе партиципира и Република Хрватска), а организирана пред се за зајакнување на внатрешните организации и потребниот капацитет на регулаторни тела во регионот, користејќи ги тнр. Регионален и национален принцип на финансирање на проекти.