Посета на Македонска Амбасада во Букурешт, Романија, а во рамките на присуството на конференција во организација на Светска банка – „Центар за реформи на финансиско известување„

На маргините на конференцијата со наслов „Third Regional Audit Quality Assurance Forum: Improving Audit Quality through Cooperation“,(„Трет регионален форум за обезбедување на квалитетот на ревизиите: Подобрување на квалитетот на ревизиите преку соработка“),  која се одржа на 22. и 23.10.2024 година, во организација на Светска банка, Центар за реформи  на финансиско известување (CFRR) во Букурешт, Романија, Делегацијата на Советот предводена од Претседателот на „Советот Александар Наумоски и вд. Координаторот на стручна служба Жарко Камчев, а по  повод државниот празник на РС Македонија – 23.10. присуствуваше и на приемот во Амбасадата на РС Македонија во Букурешт, и бeше примена од вд. Амбасадорот Златан Беговиќ, на кого му беа презентирани активностите на македонската делегација на Конференцијата во Букурешт.

На средбата потенцирани  се идните активности на Советот, а од кои се очекува и идна поддршка на Македонската амбасада во Букурешт. Имено, В.д Амбасадорот беше информиран дека е договорено да се обнови веќе потпишаниот во 2015. година, „Меморандум за соработка помеѓу Романското регулаторно тело за ревизија (ASPAAS) и СУНРРСМ„, а за кои веќе се договорени конкретни идни активности, во кои рамки е  изразена и молба да Претседателот на Романското регулаторно тело даде поддршка на СУНРРСМ за идно членство, како надбљудувач, во „CEAOB- Committee of European Auditing Oversight Bodies„ во Брисел, при скорешната посета на Делегацијата на Советот на „19.поткомитет за внатрешен пазар и конкуренција„ во Брисел, што ќе се одржи на 12.11.2024 година.

Истовремено, делегацијата на Советот наведе дека Советот оствари и работна средба со Наталија Вовчук, Раководителот на  Асоцијацијата на меѓународни сертифицирани професионални сметководители (AICPA&CIMA) која е со седиште во Букурешт, а која е под патронат на „Центар за реформи  на финансиско известување„ (CFRR) -Виена. Изразена е спремност да наведената организација, во најкус можен рок финансира дел од проектните активности предложени од страна на Советот, и дека за идните активности, редовно би се информирала Македонската амбасада во Букурешт.