Претседателот на Советот – Премтим Исени, координаторот на стручната служба – Дафина Талева Хаџи Васкова и соработникот – Светлана Ѓорѓиевска на 22.04.2019 година беа во посета на друштвото за ревизија Рафајловски ревизија ДОО Скопје.
На работниот состанок, овластените ревизори Вера Рафајловска и Јасмина Рафајловска дадоа свои видувања за правецот во кој треба да се движи ревизорската професија, нагласувајќи ги проблемите со кои се соочуваат во секојдневното работење. Со оглед дека ревизијата е динамична професија, сметаат дека треба да биде поотворена во размената на искуствата со другите земји. Акцент дадоа на потребата од превод на меѓународните стандарди за ревизија и меѓународните стандарди за финансиско известување со разумен рок на имплементирање на истите. Исто така, се отвори и дискусија за испитот за стекнување на звање ревизор, односно вложување напори за негова верификација во Европа и поширко. Претставниците од друштвото за ревизија изразија подготвеност за понатамошна соработка со крајна цел унапредување на професијата. Посебно беше поздравена идејата на Советот за одржување на меѓународна конференција со присуство на еминентни предавачи – експерти од областа на вршењето на контролата на квалитет.