Советот продолжи со реализација на Планот на посети на друштвата за ревизија и овластените ревизори трговци – поединци согласно Годишната програма за работа на Советот за 2019 година.
На 17.06.2019 година, претседателот на Советот Премтим Исени и Координаторот на стручната служба на Советот, Дафина Талева Хаџи-Васкова остварија две средби со управители на правни лица кои вршат работи на ревизија.
Во просториите на друштвото за ревизија “Ревизија, проценка и финансиски консалтинг Б и Љ ,,Боро и Љупчо ДОО – Скопје” се оствари средба со управителите Боро Атанасовски и Љупчо Пецов.На средбата беа детектирани проблемите со кои се соочуваат при работењето и беа презентирани предлози во однос на подобрување на начинот и процедурите при вршење на контролата на квалитет од страна на контролорите на ИОРРМ.
На средбата одржана во просториите на овластениот ревизор-трговец поединец “ТП РЕВИЗИЈА ЧУЛЕВА”, претседателот на Советот беше запознат со работењето на овластениот ревизор Соња Чулева и нејзините видувања по однос на начинот на кој би се олеснило и подобрило работењето на овластените ревизори.