Отворен и кариерен ден на УГД

На 22 април 2026 година, во Штип, се одржа настанот „Отворен и кариерен ден на УГД“, организиран од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во соработка со Општина Штип и Стопанската комора на РС Македонија. На настанот присуствуваа в.д. претседателот на Советот, Филип Василески и дел од вработените на стручните служби на Советот и Институтот.

Целта на настанот беше поврзување на студентите со бизнис секторот и обезбедување можности за професионален развој. Претставници од различни организации учествуваа со свои штандови, каде свој штанд имаше и Советот  заедно со Институтот.

Настанот овозможи директна комуникација помеѓу студентите и работодавачите, при што студентите добија подобар увид во барањата и условите на пазарот на трудот. „Отворен и кариерен ден на УГД“ претста