ОДРЖАНА TAIEX ЕКСПЕРТСКА МИСИЈА И РАБОТИЛНИЦА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА СУНРРСМ И ГРЧКОТО РЕГУЛАТОРНО ТЕЛО ЗА НАДЗОР НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ И РЕВИЗОРСКИ СТАНДАРДИ (HASSOB)

 

 

Советот за унапредување и надзор на ревизијата (СУНРРСМ) во соработка со Совет за надзор на сметководствени и ревизорски стандардина Грција („HASSOB„), во Хотел „Арка„ од 10.-14.11.2025 година заеднички организираа и одржаа TAIEX експертска мисија и работилница со работен наслов: „Дефинирање на правни лица од јавен интерес (ПЛЈИ) и најдобри практики за контрола на квалитетот на ревизијата при преносот на надлежностите од Институтот на овластени ревизори“. Истите  се одржани под покровителство на „Европската комисија – Комесаријат за проширување и добрососедство„ како и на Европската делегација во Скопје.

Делегацијата на „Советот за надзор на сметководствени и ревизорски стандарди на Грција„ – HASSOB во состав:  Панајотис Јанопулос, Претседател на грчко регулаторно тело, како и вработените во стручната служба на Советот:  г-ѓа Аикитерини Кирјази, г. Василеиос  Тсокос и г.-ѓа Анастасиа Зерва, била примена од Претседателот на Советот Филип Василевски, Координаторот на стручната служба Жарко Камчев, и вработените во стручната служба на Советот.

Експертската мисија и работилница пред се била наменета за обука и размена на искуства на вработените на стручната служба на „СУНРРСМ„  и „HASSOB„ кои дале несебичен придонес за успешна организација на двата настани.

На експертската мисија и работилницата присуствуваа претставниците на Делегација на Европска унија во Скопје, Министерство за финансии, Министерство за економија и труд, Министерството за европски прашања, претпријатија во државна сопственост, Институтот на овластени ревизори и други засегнати страни.

Во рамките на работилницата е истакнато дека СУНРРСМ,  има за цел преку стручни анализи, препораки, советувања и вршење независен јавен надзор на ревизијата, да работи во насока на нејзино унапредување, поттикнување и придржување кон високите професионални стандарди во ревизорската професија а со цел да се зголеми довербата и транспарентноста во податоците и информациите искажани во финансиските извештаи на деловните ентитети, а со тоа да се минимизираат потенцијалните ризици со што се влијае кон подобрување на целокупната бизнис клима во државата.

 

Истовремено, СУНРРСМ, во рамките на своите редовни активности редовно ги анализира клучните ризици во системот и капацитети на корпоративно финансиско известување, како и предизвиците во истото на мали и средни ентитети наспроти предизвиците на Правните лица од јавен интерес ПЛЈИ, каде се потенцира независноста на овластените ревизори.

Во текот на експертската мисија потенцирана е визијата на Советот за ревизија за унапредување и обезбедување висококвалитетен, професионален, независен и ефикасен надзор на ревизијата.

Како заклучоци од експертската мисија и работилницата, во вид на претпристапна помош на Европската комисија и Делегација на Европска унија во Скопје, се истакнуваат:

  • Извршена е длабинска анализа на Европската директива и регулатива за ревизија со цел нејзиното практично имплементирање во нашите услови;
  • Извршено е допрецизираање на дефиницијата на Правни лица од Јавен интерес – ПЛЈИ како и прелиминарна листа на истите,
  • Анализирана е нашата законска регулатива врзана за ревизија со посебна анализа на улогата на Одбори за ревизија во ПЛЈИ и изработени се оптимални препораки за идни нови  Закон за ревизија и Закон за трговски друштва;
  • Анализирани се практични индикатори за трансфер на надлежностите од Институтот на овластени ревизори кон СУНРРСМ
  • Договорена е и форма, содржина и начин на потпишување на Меморандум за соработка помеѓу СУНРРСМ и HASSOB во кој се утврдени форми и начини за идна заедничка соработка, а кој би требало да се потпише во Атина во декември 2025 година.

Од друга страна со реализација на препораките од ова експертска мисија и работилница, Советот би требало да  биде институција со силни технички и кадровски капацитети која што во соработка со другите институции и Владата ќе даде силен придонес во борбата против корупцијата, и дека со градење на капацитети на Советот ќе се зголеми квалитетот и веродостојноста на ревизорските извештаи кои се еден од клучните фактори за функционирањето на финансискиот систем во државата.

Истовремено, истакната е улогата на Советот кој има бврска и за  унапредување на ревизорската професија, а со тоа и мотивација на младата академска популација за стeкнување на звање ревизор, како и да обезбеди поголема транспарентност на финансиските извештаи на деловните ентитети, се со цел  минимизирање на потенцијалните ризици во подобрувањето на целокупната бизнис клима во државата а со тоа и за привлекување на странски инвестиции.