Во периодот од 02.11.2015 година до 04.11.2015 година, Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија со претставник од вработените во Советот беше во посета на Комисијата за јавен надзор на овластени ревизори на Република Бугарија. Целта на оваа посета беше воспоставување и зајакнување на соработката меѓу двете регулаторни тела. Во насока на ова беше потпишан Меморандумот за соработка. Меморандумот за соработка го попишаа г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова, Претседателот на Советот и г-ѓа Вања Донева, Претседател на Комисијата за јавен надзор на овластени ревизори на Република Бугарија.
Се очекува преку размена на информации и податоци значително да се придонесе за понатамошниот развој на ревизијата и поголема транспарентност на субјектите како на домашниот така и на странскиот пазар за ревизија како и поголема ефикасност на ревизорската функција.