Претседателот на Советот Александар Наумоски и в.д.координаторот на стручната служба на Советот Жарко Камчев, на 27 и 28.11.2024 во Загреб, Република Хрватска, одржаа работни состаноци со претставниците на Економскиот факултет, на Универзитет во Загреб како и на Министерството за регионален развој и фондовите на Европска унија на Владата на Република Хрватска.
Како теми водени на работните состаноци во горе наведени институции се наведуваат:
1.„Правилно утврдување на прегледнот на „Правни лица од јавен интерес„, согласно Регулативата на ЕУ бр. 537/2014 за ревизија (како составен дел на идниот нов Закон за ревизија во РСМ)“ – компаративни искуства на Република Хрватска;
- Практични искуства од пренесување на овластувањата за вршење контрола на квалитетот на ревизорските извештаи од Комората на ревизори до Министерството за финансии на Република Хрватска (предизвици);
- „Улога на Одборот за ревизија“ во правни лица од јавен интерес, согласно со Регулативата на ЕУ бр. 537/2014 за ревизии поврзани со поднесување извештаи за законски ревизии и интегритет на финансиското известување.
На работниот состанок со проф. Др Борис Тушек од Катедрата за сметководство и ревизија од Економскиот факултет, на Универзитетот во Загреб истакната е потреба за директна комуникација на различни актуелни теми поврзани со корпоративната одржливост и финансиско известување, јавниот надзор на ревизијата, како и пренос на практичните искуства во примена на ревизорските стандарди од Сектор за банкарство, сметководство и ревизија“. во рамките на Министерството за финансии на Република Хрватска на вработените во Советот. Извршена е и компаративна анализа на официјалната листа на Правните лица од Јавен интерес (ПЛЈИ) во Република Хрватска со она во РС Македонија, те се формулирани соодветни мерки за отстранување на недостатоците на прелиминарната листа на ПЛЈИ утврдена од страна на Стручната служба на Советот. На делегацијата на Советот беше доставена финална листа на ПЛЈИ во Република Хрватска, со напомена дека истата е и официјално објавена во „Службен весник„- „Народне новине„ на Република Хрватска. Во делот на дискусијата врзана за трансфер на контролата на квалитет од Институтот во Министерството за финансии, се истакна дека утврдениот систем на контрола на квалитет има за цел да ја провери имплементацијата на постапките за контрола на квалитет кои се применливи за ревизорскиот ангажман и дали има усогласеност на ревизијата со професионалните стандарди и прифатлива правна и регулаторна рамка, и дека наведениот процес се спроведува несметано, но дека е евидентен недостаток на квалитетен стручен кадар во ова област. Истовремено разменети се искуства за практичните активности и улогата на „Одборот за ревизија“ во правни лица од јавен интерес, согласно со Регулативата на ЕУ бр. 537/2014 за ревизии поврзани со поднесување извештаи за законски ревизии и интегритет на финансиското известување. Истакната е спремност да стручниот тим од наведената катедра, низ идни проектни активности на Советот, директно помогнат на стручната служба на Советот, во смисол на нејзиното активно учество во правовремена изработка и достава на работните материјали, по ова материја, до работната група за изработка на новиот Закон за ревизија во РС Македонија, за кој се очекува да биде усогласен со Директивата (2014/56 ЕУ) и Регулативата бр.537/2014 на ЕУ за ревизија.
Во текот на работната средба со претставникот на „Министерството за регионален развој и фондовите на Европска унија„ на Република Хрватска, (Иван Бота од Кабинетот на Министерот Шиме Ерлиќ), македонската делегација беше информирана дека постои можноста за директна пројектна соработка помеѓу институциите на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членки на ЕУ (Хрватска-Македонија). Во таа смисла македонска делегација предложи да се овозможат услови за директна проектна соработка помеѓу Советот и Економскиот факултет во Загреб, со логистичка поддршка на Економскиот факултет на Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје и ИОРРСМ, низ дел од проектните активности во рамките на „Промовирање на ревизорска професија кај младата генерација преку поврзување со академска заедница, ИОРРСМ и други релевантни институции„.