На конференцијата со наслов „Third Regional Audit Quality Assurance Forum: Improving Audit Quality through Cooperation“,(„Трет регионален форум за обезбедување на квалитетот на ревизиите: Подобрување на квалитетот на ревизиите преку соработка“), која се одржа на 22. и 23.10.2024 година, во организација на Светска банка, Центар за реформи на финансиско известување (CFRR) во Букурешт, Романија, присуствуваше претседателот на „СУНРРСМ, Александар Наумоски заедно со претставници на стручната служба, Жарко Камчев – в.д координатор на стручна служба и Магдалена Димеска Ристоска соработник за контрола и надзор, како дел од македонската делегација во која партиципираа и претставник на Министерството за финансии Марина Станојкова Арсовски, претседателот на ИОРРСМ Ненад Тортевски, како и контролорот на квалитет на ревизорските извештаи, вработена во ИОРРСМ, Бранка Стојановска.
Во организација на третиот форум на јавни надзорни тела организиран заеднички во рамките на две регионални програми на Светска банка, Центар за реформи на финансиско известување (CFRR) со седиште во Виена, Австрија – Патот кон Европска програма за сметководствени реформи и зајакнување на иституциите за малите и средни претпријатија (REPARIS) и Програма за подобрување на сметководствто, ревизијата и известувањето за одржливост (EAASURE). Настанот го отворија Alanna Simpson – интерен менаџер за Романија од Светска банка и Georgiana Oana Stănilă претседател, Орган за јавен надзор на законска ревизија ASPAAS, Романија.
На настанот присуствуваа претставници на 11 држави членки на двата наведени програми (Арменија, Аздербејџан, Грузија, Молдавија, Украина, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина (со одделни претставници на 3 ентитети : Федерација БиХ, Република Српска и дистрикт Брчко), Косово, Албанија, Македонија, како и претставници на земја домаќин Романија.
Во воведното обраќање на Форумот, претседателот на СУНРРСМ, ја истакна важната улога на Советот, кој за своите активнсоти во следниот временски интервал се очекува да добие поддршка како од Европската делегација во Скопје, Европската комисија како и логистичка поддршка од Министерството за европски прашања при Владата на Република Северна Македонија, кое располага на европските фондови, секако од домаќинот на Форумот – од ЦФРР-Светска банка – Виена, дипломатски конзуларни претставништва во Скопје, за практична операционализација и реализација на планираните проекти. Со нив практично ќе се обезбеди унапредување на ревизорската професија во земјава, а со тоа и квалитетот на ревизорските/финансиските извештаи, кое нешто ќе овозможи поголема мотивација на младата академска популација да се стекне со звање ревизор, како и поголема афирмација во јавноста на Советот како регулатор на ревизорската професија
Претседателот на Советот истакна, со оглед на тоа што Советот, како регулаторно тело, во сегашното законско решение не може директно да влијае на контролата на квалитетот на ревизорските извештаи, во оваа фаза, а преку оценката што ја прави, на седниците на Советот, се даваат предлози. за евентуална вонредна контрола е потребна, а со цел практично да се потврди валидноста на ревизорските извештаи, со што се отвораат можности за поведување дисциплински мерки. во насока на Контрола на квалитет и дисциплински мерки. Потенцирал дека со создадените предуслови за силен систем за контрола на квалитетот на ревизорските извештаи секако претставуваат систем за рано спречување и лоцирање на опасностите од стечај во рана фаза, како заштита на државата од непотребни и непредвидени финансиски импликации. Изградена институција со силни технички и кадровски капацитети која во соработка со другите институции и Владата ќе даде силен придонес во борбата против корупцијата
Како сублимат на презентираните презентации на сите 11 држави присутни на Форумот како и врз основа на примери и наоди на одделни теми, партиципиентите се согласија дека наведените практични примери овозможуваат меѓусебно пренос на занења и искуства, придонесувајќи за севкупното подобрување на квалитетот на контролите и резултирајќи со поквалитетни ревизии и финансиски извештаи.
На маргините на конференцијата, делегацијата на Советот имаше одделни кратки работни средби со претставниците на Светска банка, Центар за реформи на финансиско известување (CFRR): Гарик Сергејан, Андреј Бузујук и Светлана Платон, а на кои се презентирани идни активности и планови за унапредување на севкупните активности на Советот, презентирани предлог проекти изработени од стручната служба на Советот, а кои би можеле да се реализират преку (EAASURE) програма, за кои е изразена заедничка спремност да истите бидат финансирани од Центар за реформи на финансиско известување (CFRR) Виена, во нареден период. Покренато е и прашањето за статусот на т.н ROSC извештај за Северна Македонија, за кои беше дадено уверување дека финалната верзија на истиот, би бил до крај на календарската 2024 година.
Истовремено се одржаа и работни средби со претставниците на регулаторните тела на Црна Гора, Србија, БиХ, Грузија, Украјина, Ерменија, Албанија и домаќинот Романија со која е договорено да се обнови веќе потпишаниот во 2015 .година, „Меморандум за соработка помеѓу Романското регулаторно тело (ASPAAS) и СУНРРСМ„. Од страна на претседателот на Советот беше изразена замолница до претседателот на Романското регулаторно тело да даде логистичка поддршка на СУНРРСМ за идно членство, како посматрач, во „CEAOB- Committee of European Auditing Oversight Bodies„ во Брисел, а при скорешната посета на Делегацијата на Советот на „19.поткомитет за внатрешен пазар и конкуренција„ во Брисел, што ќе се одржи на 12.11.2024.
Како предложени генерални заклучоци остварени од страна на делегацијата на Советот се наведува следно:
- Делегација на Советот предложи да следната конференција – четвртиот форум, во ист состав на држави учесници, а на тема која би се утврдила на пленарната конференција на Светска банка, Центар за реформи на финансиско известување (CFRR) во март 2025 година во Виена, да се одржи во Охрид, во октомври 2025 година;
- Како битен заклучок се наведува дека делегацијата на Советот оствари и работна средба со Наталија Вовчук, Раководител на новоформирана тинк-тенк организација AICPA&CIMA со седиште во Букурешт, а која е под патронат на Центар за реформи на финансиско известување (CFRR) -Виена. Изразена е спремност да наведената организација, во најкус можен рок финансира дел од проектите предложени од страна на Советот.
Се заклучува дека оваков вид на регионални конференции се идеална можност за учесниците да комуницираат со експерти за различни актуелни теми поврзани со корпоративната одржливост и финансиско известување, јавниот надзор и ревизијата, како и стекнување на практичните искуства во примена на ревизорските стандарди, компаративно во одделни држави.
Исто така, се истакнува и плодна размена на различити искуства на претставниците на делегациите, кои истакнаа неопходност за понатамошното усогласување на законската и позаконската регулатива од областа на ревизија, а во рамките за корпоративно финансиско известување на одделни земји и да се подобри практиката на идентификување на значајни наоди преку контроли на квалитет за обезбедување на подобар квалитет и формулирање на соодветни мерки за отстранување на недостатоците.