Присуство на Министерска конференција 2022 година

Во период од 29.11.2022 до 01.12.2022 година, претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, Александар Наумоски и вработениот Владо Митев, советник за меѓународна соработка и развој во стручната служба на Советот, присуствуваа на 15 годишнината на Центарот за реформи во финансиско известување на Светска банка, вклучувајќи ја и Министерска конференција организирана од Центарот за реформи во финансиско известување и поддржано од Министерство за финансии на Австрија.

На 15 годишнината на Центарот за реформи во финансиско известување на Светска банка, покрај Министерската конференција која се одржа на 30.11.2022 година под покровителство на министерството за финансии на Австрија на тема “Financial and Sustainability Reporting for Debt Transparency and a Resilient Recovery” се одржаа и посебни тематски работилници, и тоа: Senior Official Workshop и Community of Practice Workshop.

На Senior Official Workshop присуствуваат повеќе од 140 делегати од високо ниво клучни за програмите на Центарот за реформи во финансиско известување, вклучувајќи и владини претставници, креатори на политики од програмските држави, меѓународни партнери за развој, професионални и академски говорници, и експерти од клучните меѓународни институции на Европска Унија.

 

Целта на настанот беше да се информираат креаторите на политиките за неодамнешните случувања во финансиско известување и известување за одржливост и ревизија во приватен и јавен сектор, да се одржи политичка поддршка за поврзаните реформи и да се даде можност за регионална размена на искуства.

 

 

На министерската конференција присуствуваа повеќе од 215 делегати на повисоко ниво, вклучувајќи и министери за финансии од земјите партнери на Светска банка, високи владини претставници, меѓународни партнери за развој, претставници на високо ниво од јавен и приватен сектор, професионални и академски заедници, и експерти од клучни меѓународни институции и институции на Европска Унија.

 

 

На 01.12.2022 годин се одржа и заедничка работилница Accounting and Auditing Community of Practice (A&A CoP) workshop. Настанот беше организиран ви рамките на две водечки програми на Центарот за реформи во финансиското известување на Светска банка: Зајакнување на ревизијата и известувањето во Источното партнерство (STAREP)  и програмата Патот кон Европа за реформи во сметководството и институционално зајаканување за мали и средни претпријатија (REPARIS for SMEs). На настанот присуствуваа повеќе од 70 учесници, вклучувајќи и претставници од регулаторни надзорни тела, сметководствени и ревизорски регулатори, и професионални сметководствени здруженија.

На оваа работилница Претседателот на Советот, Александар Наумоски, имаше излагање на кое ги информираше присутните за моменталниот статус на новиот предлог Законот за ревизија, измените во делот на новите надлежности на  Советот со акцент на правните лица од јавен интерес, контролата на квалитет на правни лица од јавен интерес  и предизвиците кои ќе следат во правец на кадровско и техничко зајакнување на Советот. Истовремено беше развиена дискусија во правец на компаративни искуства и побарано од претседателот на Советот до одговорните лица на Светска банка РЕПАРИС програмата да бидеме вклучени во нивните програми со предложени проекти од наша страна за сите теми кои со во поглед на правилно спроведување на новите законски одредби, за што од одговорните лица добивме позитивен одговор.