Mеѓународниот форум „Beyond Compliance: Financial Reporting for Growth and Jobs

Во периодот 5-6 Октомври 2026 година, претставници на СУНРРСМ зедоа учество на меѓународниот форум „Beyond Compliance: Financial Reporting for Growth and Jobs“ кој се одржа во Виена, организиран од Светската банка – Centre for Financial Reporting Reform (CFRR).
 

На форумот се дискутираше за значењето на квалитетното и транспарентно финансиско известување за економскиот раст, создавањето на нови работни места и подобар пристап до финансии, особено за малите и средните претпријатија.
 

Беа опфатени и теми поврзани со корпоративното финансиско известување, финансиската транспарентност на државните претпријатија, квалитетот на ревизијата и надзорот, како и примената на вештачката интелигенција и новите технологии во финансиското известување.
 

Во македонската делегација учествуваше заменик-министерот за финансии Николче Јанкулоски, кој беше и панелист на форумот,но и претставници на други релевантни финасиски иституции од земјава.
 

Беа разменети искуства и добри практики со претставници на институции и професионални организации од повеќе европски земји.
 

Корисен и содржаен меѓународен настан, на кој беа отворени важни прашања за понатамошното унапредување на финансиското известување, ревизијата и транспарентноста.
 
 

Screenshot