На 09 и 10 јуни 2015 година во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Претседателот на Советот г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова и двајца вработени во Советот присуствуваат на конференцијата EduCop организирана од страна на Светска банка на тема Постигнување на квалитет во образованието: Усогласнување на универзитетските наставни програми со меѓународните стандарди. Претседателот на Советот, одржа кратка презентација пред присутните делегати од другите земји на тема: Улогата на Советот во едукативниот процес на ревизорите во Република Македонија. Презентацијата можете да ја преземете од овој линк. Говорот на Претседателот на Советот можете да го преземете од овој линк.