На 16.09.2015 година, г-ѓа Соња Ѓелова Стојанова беше во работна посета на Амбасадата на Република Македонија во Албанија. На работната средба присутен беше и амбасадорот на Република Македонија во Тирана, г-дин Стојан Карајанов. Нa состанокот се дискутираше околу надлежностите и овластувањата на Советот како независно и самостојно регулаторно тело на ревизијата во Република Македонија.