Во период од 09. до 12.10.2017 г. Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија (СУНРРМ), како носител на TAIEX- „Експертска мисија за ИТ надзорен систем за законските ревизии на правните лица од јавен интерес„ успешно ја реализираше експертска мисија финансирана и организирана од страна на Европската Комисија – Генерален директорат за добрососедство и проширување – Оддел 3 – TAIEX, Брисел, Белгија.
Експертите од Естонија Mr Märt-Martin Arengu (Март-Мартин Аренгу)– Талин, Естонија President of Estonian Auditors’ Association (Претседател на Естонска асоцијација на ревизори) и Mr Aleksandr Beloussov (Александр Белусов)– Талин, Естонија Head of Business Reporting Systems Unit Centre of Registers and Information Systems of Estonia (Раководител на одделение за бизнис системи и известување во Центарот за регистри и информациски системи на Естонија) беа примени од страна на Претстедателот на Совет г. Премтим Исени и неговиот тим.
Низ четиридневен престој во Република Македонија, експертите одржаа работни средби со претставниците на Министерството за финансии, Министерството за Економија, Централниот регистар на Република Македонија како и со Претстедателот на Управниот одбор и дел од членовите на УО на Институтот за овластени ревизори на РМ.
Целта на експертската мисија е да се поддржи Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија и Министерството за финансии, во идна проценка на идни измени на законската регулатива во делот за законска ревизија која се однесува на ИТ системот за надзор на истата.
Реализација на ова експертска мисија произлегува од неопходноста за воведување и практична имплементација на Директивата 2014/56/ЕУ од Европскиот парламент и Советот на Европска унија од 10.04.2014 за законски ревизии и годишни сметки и консолидирани сметки како и Регулатива 537/2014 за специфични барања во поглед на законска ревизија за правни лица од јавен интерес со посебен осврт во делот за спроведување на надзорен ИТ систем кој ќе обезбеди ефикасен и ефективен надзор на овластени ревизии на правни лица од јавен интерес и други ревидирани субјекти.
Ќе се обидат да изготват проектна задача за иден проект врзан за развојот на информатичкиот систем за практична примена на меѓународните стандарди за ревизија кој ќе обезбеди ефикасен и ефективен надзор над законските ревизии на правните лица од јавен интерес.
Од конечниот извештај на експертите се очекуваат низа предлози како што е:
- Евалуација на потребните измени во подзаконската регулатива за анализа на извештаите за транспарентност преку користење на ИТ системот. Воспоставувањето надзорен систем над ревизорите подразбира и воведување систем за прибирање информации и податоци од пазарот.
- Евалуација на внатрешната организација и потребниот капацитет на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија за практична имплементација на ИТ систем за надзор над законските ревизии кај правните лица од јавен интерес.
- Естонски експерти да ги пренесат искуствата во развојот на Методологија и континуирано професионално усовршување и искуството во развој на ИТ софтвер во однос на ревизијата и сметководството; искуството во развој на различни методолошки упатства за развој и споделување најдобри практики во ревизијата; искуство во примена на ЕУ законодавство во врска со поглавје 6, како и искуство во ИТ анализа на сметководствени и ревизорски податоци дадени во ревизорскиот извештај и во годишните и консолидираните сметки.