Во периодот од 17-18.11.2017 година во Тирана – Албанија, Институтот на сертифицирани сметководители/ревизори на Албанија ja одржа IV конференција “Ревизорски предизвици во економското опкружување со постојни промени”.
На овој настан присуствуваат голем број учесници, професионалци од областа на ревизијата и сметководството како и експерти од регулаторните тела од земјата и странство, при што преку панел дискусии се разменуваа мислења и се споделуваат искуства.
На настанот присуствуваат гости од регулаторните тела од Германија, Грција, Азербејџан, Франција, Косово, Македонија, Бугарија, Црна Гора, Србија.