Во рамките на посетите на друштвата за ревизија и овластените ревизори – трговци поединци, Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, продолжи со активноста.
На 03.04.2019 година, Премтим Исени – претседател на Советот, Дафина Талева Хаџи Васкова – координатор на стручната служба, Светлана Ѓорѓиевска – соработник и д-р Илија Андовски – член на Советот, беа во посета на друштвото за ревизија КПМГ Македонија ДОО Скопје. Претставниците од КПМГ Македонија, Гордана Никушевска, Срѓан Ранѓеловиќ и Игор Митевски го поздравија начинот на работа на Советот, неговата транспарентност и отвореност за соработка. Се отворија одредени прашања кои се од значење за ревизијата, пред се во однос на цената на вршење на ревизијата која во крајна линија го детерминира квалитетот на ревизорските мислења. Исто така, истакнаа дека од особено значење е и едуцирањето на пошироката јавноста за значењето и придобивките од ревизорската професија, како и инволвирање на засегнатите институции кои ја уредуваат оваа проблематика.