На ден 08.04.2019 година (понеделник) во просториите на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, Претседателот на Советот, Премтим Исени, одржа работен состанок со претставници на ЕУ Делегација – Канцеларија Скопје.
На состанокот покрај претседателот на Советот, присуствуваа Фрејк Јанмат, Ракободител на Сектор за економски прашања, градење на институции, прекугранична соработка и Константин Јовановски – програмски офцер од оперативен сектор, претставници од ЕУ Делегација – Канцеларија Скопје, и Илија Андовски, Анета Трајаноска, Николаки Миов и Благој Христов, членови на Совет, и Владо Митев, соработник за меѓународна соработка и развој во Стручната служба на Советот.
Претседателот на Советот го запозна претставниците на ЕУ Делгација – Канцеларија Скопје со улогата и значењето на Советот како самостојно и независно регулаторно тело, со јавни овластувања утврдени во Законот за ревизија. Претставниците беа запознаени и со активностите на новиот состав на Советот.
Членовите на Советот ги информираа претставниците на ЕУ Делегација – Канцеларија Скопје за предлог Проектот на тема “Понатамошно спроведување на ЕУ Регулатива и Директива за ревизија во Република Северна Македонија”.
Беа дискутирани начини и можности за спроведување на Проектот.
Претставниците на Советот и ЕУ делегацијата се договорија за уште еден состанок за финализирање на Проектот.