На 18.04.2019 година се оствари посета на друштвото за ревизија РСМ Македонија ДООЕЛ Скопје. На средбата присуствуваа претседателот на Советот – Премтим Исени, координаторот на стручната служба – Дафина Талева Хаџи Васкова и соработникот – Светлана Ѓорѓиевска.
Овластените ревизори Стојан Јорданов, Миле Ниневски и Љубица Евтимовска, ги запознаа претставниците на Советот со организациската поставеност на друштвото. Ја поздравија измената на Законот за ревизија, со која се откочи процесот на полагање на испитот за стекнување на звањето ревизор, кој е од исклучителна важност за создавање нов кадар во ревизорската професија. На средбата беше истакната потребата од носење на Тарифник за утврдување на минимални цени, кој би претставувал најсоодветно решение за надминување на проблемот со намалените цени на ревизорските услуги. Во поглед на постоењето на повеќе регулатори за сродни професии, сметаат дека тој начин на функционирање не е ефикасен. Во таа насока, позитивно е што со предлог измените на Законот за ревизија се зголемува надлежноста на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија во вршењето надзор и на сметководствена професија, односно двете сродни професии би се регулирале.