Меморандум за соработка помеѓу СУНР и КХВ
На 02.09.2013 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата (СУНР) и Комисија за хартии од вредност (КХВ) потпишаа Меморандум за соработка. Со меморандумот се уредува меѓусебната соработка помеѓу СУНР и КХВ поврзана со размената и употребата на информации меѓу двете институции.