СУНРРМ на работилница од CFRR во Виена

На 26 и 27 април 2018 година претседателот на СУНРРМ Премтим Исени заедно со претставник од Стручната служба на Советот, присуствуваат на работилница организирана од CFRR, која се одржува во Виена. На работилницата се дискутира за моменталниот тренд на ревизорската професија, унапредување на системот за контрола на квалитет, трендови и можности.