Посета на друштвото за ревизија БДО ДОО Скопје

На 18.04.2019 година се оствари посета на друштвото за ревизија БДО ДОО Скопје. На средбата присуствуваа претседателот на Советот – Премтим Исени, координаторот на стручната служба – Дафина Талева Хаџи Васкова и соработникот – Светлана Ѓорѓиевска.

Овластениот ревизор Драган Димитров, кој воедно е и претседател на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија даде поддршка на иницијативата на Советот за посети на друштвата за ревизија. Исто така, нагласи дека интензивираната и продлабочената соработка во изминатиов период помеѓу ИОРРМ и регулаторното тело придонесува за унапредување на ревизорската професија. Истакна, дека правните лице кои немаат обврска да вршат ревизија на финансиските извештаи се повеќе бараат договорни ревизии, поради придобивките кои ги има менаџментот на една фирма од ревидираните финансиски извештаи. Преку лоцирање на проблемите со кои се соочуваат друштвата за ревизија и изнаоѓање на решенија за надминување на истите, Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија и Институтот на овластени ревизори на Република Северна Македонија со заеднички активности можат да изградат подобар и ефикасен пазар на ревизорски услуги.