Од 17.04.2018 до 19.04.2018 година претставник од Советот проф. д-р. Зорица Божиновска Лазаревска и еден претставник од Стручната служба на Советот, присуствуваат на Пленарна седница на Меѓународниот Форум на независни регулатори за ревизија (IFIAR), кој се одржува во Отава, Канада.
Целта на овој настан е да се зголeми соработката помеѓу Регулaторните телa за ревизија, членки на IFIAR, и Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија преку учество на Пленарната седница на IFIAR. Како учесници на пленарната седница на IFIAR се најавени експерти надвор од ревизорската професија, директори на 6 најголеми ревизорски друштва, советнички групи за Инвеститорите на IFIAR, како и претставници од меѓународните тела за воспоставување на стандарди за сметководство и ревизија.