На ден 09.04.2025 година во просториите на Институтот на овластени
ревизори на Република Северна Македонија се одржа работен состанок на в.д.
претседателот на Советот, Филип Василески, членовите на Советот и
вработените на стручната служба на Советот, со претседателот на Институтот,
Ненад Тортевски, членовите на Управниот одбор и вработените во стручната
служба на Институтот. Целта на работниот состанок беше разговор за проблемите
и изнаоѓање на заедничко решение со кои се соочуваат Советот и Институтот при
своето работење, како и целата ревизорска фела.
На состанокот беа дискутирани теми во однос на моменталниот Законот за
ревизија и процесот на контрола на квалитет на ревизорските услуги.
Ваквите заеднички работни состаноци беа оценети како конструктивни
поради што присутните заклучија и понатаму да се применува ваквата пракса на
непосредно комуницирање на Советот и Институтот.
