Делегацијата на СУНРРСМ, предводена од претседателот на Советот Александар Наумоски и координаторот на стручна служба Жарко Камчев, во рамките на работниот состанок на 19–от „Поткомитет за внатрешен пазар и конкуренција„ што се одржа на 12.ноември 2024 година во седиштето на Европската комисија во Брисел, Кралство Белгија, одржа и одделни работни средби во Европскиот Парламент во Брисел, со пратениците во Европскиот парламент – Карло Реслер и Томислав Сокол од Република Хрватска.
Во работната средба со пратеникот Реслер и шефот на неговиот кабинет Леон Лесковец, беше истакнато дека во 2016 година македонскиот совет го потпиша „Договорот за соработка“ со тогашниот „Комитет за јавен надзор на овластени ревизори и ревизорски друштва на Република Хрватска“, кој сега прерасна во „Сектор за банкарство, сметководство и ревизија“. во рамките на Министерството за финансии на Република Хрватска. Истовремно се истакна дека овој договор е добра основа за понатамошна идна соработка на полето на ревизијата меѓу двете институции, која и денес е континуирана и плодна.
Делегацијата на Советот му честиташе на пратеникот Карло Реслер на реизборот за член на Европскиот парламент во јуни 2024 година како и на изборот за претседател на „Делегацијата на мешовитиот парламентарен комитет на ЕУ и Република Северна Македонија“ а се потенцираше и спремноста на Советот логистички да се подржат активностите на пратеникот, поврзани со работата на споменатата Делегација на ЕП.
Во плодната дискусија, разменети се искуства, на улогата на „Комитетот за Буџет„ и на „Комитетот за буџетска контрола“ каде што пратеникот Реслер е член, а анализирани се и предизвиците и можни соработки на СУНРРСМ со регулаторните тела за ревизија во земјите членки на Европската унија. Истовремено делегацијата на Советот побара логистичка поддршка од кабинетот на пратеникот за идното членство – со статус на надбљудувач на Советот во „Комитетот на европските тела за надзор на ревизијата“ во Брисел („CEAOB„).
На работната средба со пратеникот Томислав Сокол и шефот на неговиот кабинет Анте Шкугор, делегацијата на Советот му честиташе на пратеникот Сокол на реизбор за член на Европскиот парламент во јуни 2024 година, фокус на разговорите се водеше на практичните искуствата на „Комитетот за внатрешен пазар и конкуренција“, каде Пратеникот Сокол е претседател на комитетот, а кој е пандан на активностите на македонската делегација во рамките на 19.поткомитет за внатрешен пазар и конкуренција.
Анализирана е севкупната агенда на 19. Поткомитет, со посебен осврт на улогата на надворешна ревизија во подобар пристап на пазари на капитал, во потикнувањето на транснационални листирања на компаниите, на подобар пристап на пазарот на капитал, за олеснувања на условите за котирање, зголемена транспарентност и поголема заштита на инвеститорите, поедноставувањето на процесот за спојувања и превземања на компаниите, поддршка за дигитални и технолошки компании како и поддршка за зелени и одржливи инвестиции.
Пратениците на Европскиот парламент ја истакнаа важноста за директна комуникација со претставниците на Мисијата на РС Македонија при Европската унија во Брисел и понудиле логистичка помош на идните активности на СУНРРСМ во комуникација со претставниците на Комесаријатите за Финансии и Проширување и добрососетска соработка, а со оглед на барањето на СУНРРСМ за идното членство – со статус на надбљудувач, на Советот во „Комитетот на европските тела за надзор на ревизијата“ во Брисел („CEAOB„) како и за други прјектни активности, а посебно со Хрватските државни институции.