Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Р.М и Координаторот на стручната служба на Советот на 04.05.2018 година одржаа работен состанок со претставници на big four од Р.М. На средбата присуствуваа: Љубе Ѓеорѓиески од ПРАЈСВОТЕРХАУСКУПЕРС РЕВИЗИЈА ДОО СКОПЈЕ , Лидија Нануш од ДИЛОИТ ДОО СКОПЈЕ и Гордана Никушева и Срѓан Рангеловиќ од КПМГ Македонија, ДОО СКОПЈЕ.
Целта на работниот состанок беше запознавање со претставниците на големите друштва за ревизија, детектирање на проблемите со кои се соочуваат при работењето, како и да се чујат нивните мислења, предлози и сугестии за подобрување и развој на ревизорската професија. Притоа беше остварен договор во иднина да постои двонасочно информирање и иницирање на предлози кои се од суштинска природа за подобрување на работата на физичките и правните лица кои вршат работи на ревизијата во Р.М. како и активностите кои требат да бидат ппреземени при вршењето надзор на нивното работење.