Во периодот од 25-27 Септември, во хотел Метропол во Охрид, се одржа 24-та Конференција на “Македонска берза – Скопје”.
На истата беше присутен Претседателот на СУНР, Филип Василески.
Беше разговарано на многу теми меѓу кои и за идното влијанието на ажурираните меѓународни стандарди на финансиско известување. На маргините на конференцијата, Претседателот одржа повеќе билатерални средби со претставници на повеќе институции и приватни компании.