На ден 09.04.2025 година во просториите на Институтот на овластени
ревизори на Република Северна Македонија, в.д. претседателот на Советот,
Филип Василески во својство на претседател на Комисијата за спроведување на
испитот за стекнување звање ревизор оддржа состанок со членовите на
истоимената комисија.
На состанокот беше подготвен и усвоен План за спроведување на испитот
за стекнување звање ревизор за 2025 година, согласно измените на Правилникот
за начинот и постаката за полагање на испитот за стекнување на звањето
ревизор.
