РАБОТЕН СОСТАНОК СО АМБАСАДОРОТ ЗУЛФИ ИСМАИЛИ, ШЕФ НА МИСИЈА НА РС МАКЕДОНИЈА ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА ВО БРИСЕЛ, КРАЛСТВО БЕЛГИЈА

Делегацијата на СУНРРСМ, предводена од претседателот на Советот Александар Наумоски и координаторот на стручна служба Жарко Камчев, во рамките на работниот состанок  на 19–от „Поткомитет за внатрешен пазар и конкуренција„ што се одржа на 12.ноември 2024 година во седиштето на Европската комисија во Брисел, Кралство Белгија, одржа и работна средба со Амбасадорот Зулфи Исмаили, Шеф на Мисија на РС Македонија при Европската унија во Брисел.

Амбасадорот беше информиран за активностите на Советот во рамките на наведениот Поткомитет, а во рамките на дискусијата, претседателот на Советот, истакна дека крајна цел на СУНРРСМ е градење на ревизорски систем во државата целосно усогласен со меѓународните стандарди кој обезбедува зголемен квалитет на ревизиите; запазување на принципите на законитост, јавност и транспарентност; зголемување на степенот на доверба кај инвеститорите во правец на подобрување на бизнис климата во државата. Реализацијата на споменатите цели е подобрување на соработката помеѓу Советот и ИОРРСМ и усогласувањето на системот за контрола на квалитет со Директивата и Регулативата на ЕУ за ревизија.Во таа смисла е нагласена потребата за донесување на новиот Закон за ревизија како и на подзаконски акти и други активности, преку кои се гарантира извршување на новите законски надлежности.

Истовремено, беше нагласено дека Советот очекува во следниот временски интервал да добие максимална поддршка од Европската комисија во рамките на  предпристапната помош (ИПА) за реализација на проектите врзани за унапредување на ревизорската професија во РС Македонија, а со тоа и мотивација на младата академска популација за стeкнување на звање ревизор, како и поголема транспарентност на финансиските извештаи на деловните ентитети. Со што се минимизираат потенцијалните ризици во подобрувањето на целокупната бизнис клима во државата заради привлекување на странски инвестиции.

Амбасадорот Исмаили ја истакна важноста за директна комуникација на претставниците на Мисијата на РС Македонија при Европската унија и државните институции во РС Македонија и понуди логистичка помош на идните активности на СУНРРСМ во комуникација со претставниците на Комесаријатите за  Финансии и Проширување и добрососетска соработка, а со оглед на барањетона СУНРРСМ за идното членство – со статус на надбљудувач, на Советот во „Комитетот на европските тела за надзор на ревизијата“ во Брисел („CEAOB„).