Во рамките на реализација на Годишната програма за Континуирано професионално усовршување за 2017 година, в.д. претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија г-дин Премтим Исени со вработени во стручната служба на Советот присуствуваа на последниот циклус на часови за 2017 година во организација на Иститутот на овластени ревизори на Република Македонија. Истата се одржа на 29 и 30 ноември и 1 декември 2017 година во Холидеј Ин – Скопје.
Овој циклус на обука во организација на Институтот беше прва заедничка обука на членовите на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија и членовите на Институтот на овластени сметководител. Во тридневната обука беа опфатени и разработени следните теми:
- Листа на проверки на обелоденувањата во Финансиските извештаи согласно стандардите за финансиски изветувања применети од ентитетот,
- МСФИ 3 – Деловни комбинации,
- МСФи 15 – Приходи од договори со клиенти,
- Оданочување на добивката – потреба од менување на легислативата,
- Примена на експерт за ИТ технологии при ревизија на финансиските извештаи,
- Кодекс на етика на МФС за професионални сметководители – NOCLAR и новите предизвици пред ревизорската професија, и
- МСР 570 – Континуитет, МСР 705 – Модификации на мислењето во извештајот на независниот ревизор и МСР 706 – Пасус за нагласување на прашања и пасуси за други прашања во извештајот на независниот ревизори.
Проф. д-р Зорица Божиновска Лазаревска од Економскиот факултет во Скопје, која е член на Советот имаше извонредна презентација на новите промени на Кодексот на етика на МФС, кои се ефектуираат оваа година. Посебен акцент беше даден на стандардот NOCLAR, кој се однесува на сериозни и штетни (опасни)неусогласености со законите и регулативите за кои професионалните сметководители се сомневаат или имаат индиции дека постојат и дава насоки како да постапат во тој случај имајќи ја предвид својата одговорност спрема јавноста.
Во завршениот дел од годишното КПУ беа презентирани теоретските основи со осврт на слабостите од областа увидени при контрола на квалитетот од тимот на Инститот на овластени ревизор на Република Македонија и практични примери преку приказ на начин на документирање во ревизорско досие согласно со барањата на стандардите.