На ден 19.12.2017 година во просториите на Советот се одржа состанок помеѓу Претседателот на Советот, Премтим Исени и Претставници на Центарот на реформи на финансиските извештај на Светска Банка, Калина Шукарова и Абас Хасан Казилбаш. На состанокот се дискутираше за предлог измените на Законот за ревизија кои што се изготвени заеднички со Институтот на овластени ревизори и членовите на Советот и истите во целост беа поддржни од претставниците на Светска Банка. Од Претседателот беше побарано Советот да добие поддршка за идни проекти, како и да се организира и тркалезна маса на која ќе има јавна дебата по однос на изготвување на нов Предлог Закон за ревизија или изготвување на нови предлози за изменување и дополнување на веќе постоечкиот закон за ревизија. Во текот на дискусијата се отвори и прашањето за членство на Советот во ИФИАР (Меѓународен форум на независни регулатори за ревизија) и начини на финансирање на членството во истото.