На 18.01.2018 година во просториите на Министерството за финансии се одржа работна средба на која присуствуваа: в.д. Претседателот на Советот Премтим Исени, член на Советот Дарко Блажевски и дел од вработените во стручната служба на Советот, претседателот на ИОРРМ Борислав Атанасовски и членови на Управниот одбор на ИОРРМ како и претставници на Министерството за финансии.
Средбата беше во функција на разгледување на предлог измените и дополнувањата на Законот за ревизија, односно изнаоѓање на најсоодветни заеднички решенија по однос на одредени одредби од постојниот Закон за ревизија кои во изминатиот период беа делумно или целосни неприменливи.
Претставниците на Советот и претставниците на ИОРРМ дадоа конкретни забелешки и предлози по доставениот предлог за изменување и дополнување на Законот за ревизија. Бидејќи секој предлог беше соодветно аргументиран, а со цел за изнаоѓање најсоодветно решение истите од страна на претставниците на Министерството за финансии на општо задоволство на присутните беа прифатени.
Ваквите средби беа оценети како доста конструктивни поради што беше договорено во иднина за секое прашање кое е од интерес за развојот и унапредувањето на професијата истите да бидат разгледувани на заедничко организирани работни средби.