Состав на советот
Биографија на Претседателот
Претседател на СУНР на РСМ | Александар Наумоски
Curriculum VItae of the President
Стручна служба
Надлежности
Согласно Законот за ревизија (Сл. Весник 158/10, 135/11, 188/13, 43/14, 138/14, 145/15, 192/15, 23/16 и 83/18), Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија има точно одредени обврски и надлежности кои се дел од неговата основна дејност.
Согласно член 8 од Законот за ревизија работата на Советот се состои од следново:
- донесува статут, деловник за работа, годишна програма, финансиски план и годишен извештај,
- донесува Тарифник за издавање на лиценца за овластен ревизор, лиценца за работа на друштва за ревизија и лиценца за работа на овластен ревизор-трговец поединец,
- издава и одзема лиценца за овластен ревизор, лиценца за работа на друштво за ревизија и лиценца за работа на овластен ревизор-трговец поединец врз основа на правила и постапки пропишани од Советот,
- иницира контрола на друштвата за ревизија, овластените ревизори-трговци поединци и на овластените ревизори од страна на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија,
- дава согласност на Статутот и другите акти на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, ја следи нивната примена и му предлага на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија нивно изменување и дополнување,
- го следи спроведувањето на годишната и тригодишната програма за контрола преку извештаите добиени согласно член 20-а став (5) на овој закон и преку учество во комисијата на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија надлежна за контрола,
- го следи спроведувањето на годишните програми за полагање испит и за континуирано професионално усовршување на Институтот на овластени ревизори на Република Македонијa,
- ја следи постапката што ја спроведува Институтот на овластени ревизори на Република Македонија за признавање на квалификации за ревизор стекнати во странство,
- врши надзор над Институтот на овластени ревизори на Република Македонија,
- изрекува мерки на овластени ревизори, друштва за ревизија и овластени ревизори трговци-поединци, согласно овој закон и го пропишува начинот на утврдување на меркитe,
- дава насоки на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија за прашања за кои е надлежен согласно со овој закон,
- ги проверува извештаите за транспарентност согласно со членот 35 од овој закон,
- ја следи примената на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на него и врз таа основа му предлага на министерот за финансии изготвување на соодветни изменувања и дополнувања на истите,
- воспоставува соработка со домашни, странски и меѓународни институции,
- донесува процедури за соработка и размена на податоци со Институтот на овластени ревизори на Република Македонија,
- донесува годишен план за вработување на државни службеници,
- донесува годишен план на обуки за сите вработени,
- одлучува за други прашања за вработените, и
- врши други работи утврдени со овој закон и Статутот.
Мисија
Мисијата на Советот е преку стручни анализи, препораки, советувања и вршење независен јавен надзор на ревизијата, да работи во насока на нејзино унапредување, поттикнување и придржување кон високите професионални стандарди. Со тоа се зголемува довербата и транспарентноста на податоците и информациите во финансиските извештаи на деловните субјекти и се намалуваат потенцијалните ризици со што се влијае кон подобрување на целокупната деловна клима во Република Македонија.
Вредностите придонесуваат кон постигнување и остварување на мисијата на Советот ценејќи дека тоа се остварува преку јакнење на внатрешната организација и зголемувањето на ефикасноста и ефективноста во работењето. Реализацијата на мисијата се остварува преку:
- Обезбедување интегритет, конзистентност, точност и чесност при остварување на целите и активностите;
- Утврдување приоритети во постигнувањето на мисијата на Советот во годишните програми за работа на Советот за периодот од 2017 до 2019 година;
- Транспарентност преку обезбедување навремено и јасно информирање на јавноста и професијата за своите активности, одлуки и заклучоци;
- Висок степен на професионализам и висок интелектуален капацитет; и
- Подржување тимски дух и култура на споделување на знаењето во тимска работа.
Визија
Визијата на Советот е преку независен јавен надзор да го поттикне придржувањето кон високите професионални стандарди од страна на друштвата за ревизија, овластените ревизори – трговци поединци и овластените ревизори. На тој начин ќе се зголеми довербата и транспарентноста на податоците во годишните сметки и финансиските извештаи на трговските друштва и останатите правни лица кои го подведуваат нивното финансиско известување на ревизија.
Земајќи ги во предвид надлежностите и обврските на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, политиката за објавување на информации обезбедува слободен и лесен пристап до информациите поврзани со нашето работење.
Советот навремено и целосно ги објавува соопштенијата, одлуките, решенијата, јавните набавки и извештаите од работата. Нашата институција е обврзана да објавува информации навремено и целосно, со што го потврдува своето функционирање како транспарентна институција во Република Македонија.
Претседателот на Советот, како и членовите на истиот, веруваат дека ваквиот транспарентен односно отворен систем на работа е подобар од затворениот. Ние сметаме дека достапноста до информациите може да обликува една нација и едно општество. Врз основа на транспарентноста, секој има право на службените документи и право од Советот да добие информации во поглед на нивната содржина.
Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија е институција која е секогаш отворена за итервјуа со заинтересираните кадидати. Високо го цениме професионализмот и експертизата и промовираме работна средина каде индивидуалните вештини се стимулирани, а знаењето ефикасно се применува. Работата во нашиот Совет е работа во која обуката и учењето се дел од курсот, вие само треба да демонстрирате подготвеност за успех и потенцијал за напредок.
Доколку сакате да ја креирате иднината на оваа институција, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на нашиот тим, а не можете да најдете активни огласи за вработување во нашата институција, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: contact@sunr.mk со наслов “Вработување”.
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, нашата институција врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.