Извештај за Напредокот на Република Северна Македонија за 2019 година

  • Печати

На ден 29 мај 2019 година Европската комисија го објави Извештајот за Напредокот на Република Северна Македонија, каде се оценува напредокот на државата за исполнување на условите за членство во Европската Унија.

Во поглавје 6 од Извештајот се оценува и работата на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија како независно регулаторно тело.

Во овој извештај исто така се дава препорака за донесување на Закон за ревизија за воведување ефикасен систем на истраги и санкции. Извештајот наведува дека Советот за унапредување и надзор на ревизијата дејствува како независно тело и дека во тек се подготовки за формално барање за доделување на еквивалентност и соодветност од страна на Комисијата. Институтот за овластени ревизори е одговорен за сертифицирање и обука на ревизорите и за признавање на нивните квалификации (за кои Советот врши надзор). Согласно Извештајот субјектите од јавен интерес се дефинирани во законот за ревизија, кој има некои специфични барања за нивната законска ревизија (на пример, обврската за формирање на комитет за ревизија и задолжително ротирање на ревизорите). Законската ревизија се врши според усвоените меѓународни ревизорски стандарди. Општо земено, потребни се понатамошни напори за усогласување со најновото acquis за корпоративно сметководство и законска ревизија.

За повеќе информации прочитајте во Извештајoт за напредокот.