1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Работен Состанок со претставник на Светска Банка

На ден 04.04.2019 година (четврток) во просториите на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Северна Македонија, Претседателот на Советот, Премтим Исени, одржа работен состанок со претставник на Центарот за реформи во финансиско известување на Светска Банка.

На состанокот покрај претседателот на Советот, присуствуваа Паскал Фрережак, Виш оперативен директор, претставник од Центарот за реформи во финансиското известување на Светска Банка, и проф. Д-р Зорица Божиновска Лазаревска, Анета Трајаноска и Николаки Миов, членови на Совет, и Владо Митев, соработник за меѓународна соработка и развој во Стручната служба на Советот.

Претседателот на Советот го запозна претставникот на Светска банка со улогата и значењето на Советот како самостојно и независно регулаторно тело, со јавни овластувања утврдени во Законот за ревизија. Претставникот беше запознаен и со активностите на новиот состав на Советот.

Претставникот на Светска Банка ги запозна присутните со новата програма ЕУ РЕПАРИС - Зајакнување на финансиското известување на мали и средни претпријатија. Досегашниот проект ЕУ РЕПАРИС - Патот кон Европа: Програма за реформи во сметководството и институционално зајакнување во кој Советот беше активен учесник, е во финална фаза и во наредниот период од 3 месеци ќе заврши. Го информираше претседателот на Советот дека новата програма ќе започне активно да работи за 9 месеци и притоа очекува Советот да земе активно учество во истата.

Календар на настани

Јуни 2019
П В С Ч П С Н
27 28 29 30 31 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30

Најнови вести

Извештај за Напредокот на Република Северна Македонија за 2019 година…

Извештај за Напредокот на Република Северна Македонија за 2019 година

На ден 29 мај 2019 година Европската ком…

Повеќе...

Работен Состанок со Управен одбор на ИОРРМ…

Работен Состанок со Управен одбор на ИОРРМ

На 06.06.2019 година во просториите на С…

Повеќе...

Континуирано професионално усовршување…

Континуирано професионално усовршување

Во рамките на остварувањето на една од н…

Повеќе...

Посета на друштвото за ревизија Аудит Македонија ДОО Скопје…

Посета на друштвото за ревизија Аудит Македонија ДОО Скопје

Претседателот на Советот - Премтим Исени…

Повеќе...

Посета на друштвото за ревизија Бакер Тили Јоанидис ДООЕЛ Скопје…

Посета на друштвото за ревизија Бакер Тили Јоанидис ДООЕЛ Скопје

Претседателот на Советот - Премтим Исени…

Повеќе...