1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Соработка со регулаторното тело на Република Косово

Потпишувањето на Меморандумот за соработка со регулаторното тело на Република Косово, претставува проширување на меѓународната мрежа на соработка на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија.

На 17.09.2018.г во Хотел „Стоун Бриџ„ Скопје, претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија, Премтим Исени и претседателот на Здружението на овластени сметководители и ревизори на Република Косово, Ардијана Гаши, потпишаа Меморандум за соработка.

На потпишувањето на Меморандумот за соработка присуствуваа сите членови на Советот, вработените во стручната служба на Советот и членовите на Управниот одбор на Здружението на Косово.

По обракањето на двајцата претседатели на сродните регулаторни тела, следеа презентации за надлежностите и работата на телата.

2.1 Слика 2.4 Слика

Координаторот на стручната служба на Советот одржа презентација на тема"Историски развој на ревизијата во Република Македонија во периодот од 1997 година до денес,со посебен осврт на основањето и развојот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија.

"Идните предизвици за унапредување и развој на ревизорската професија" беше тема на која членот на Советот, Николаки Минов одржа презентација. Тој истакна дека ревизорите во Република Македонија се соочуваат со брзо темпо на промени кај моделите на деловни потфати во сите профитни и непрофитни дејности, а влијанието на технологиите стануваат основа а не поддршка на работењето во регулативата која постојано се зголемува Како најзначаен предизвик пред професијата во нашата земја тој го истакна усогласувањето со EU директивата ,2014/56 и ажурирањето на ревизорските стандарди кај нас.

Извршниот директор на Здружението на овластени сметководители и ревизори на Косово, Адријана Буњаку , презентираше за надлежноста и делокругот на работа на Здружението, како и начинот и опфатот на институциите со кои соработуваат . Во презентацијата посебен акцент беше даден на проектите кои ги имаат добиено од повеке донатори , кои им помогнале во јакнењето на капацитетите на Здружението.

Со Меморандумот двете регулаторни тела се обврзаа да работат заеднички во насока на унапредување на ревизорската професија на двете земји користејќи ги позитивните искуства и добрите практики како и во усогласувањето со европската регулатива и ажурирање на ревизорските стандарди кои остануваат најзначаен предизвик за ревизорската професија.

2.2 Слика 2.3 Слика

Календар на настани

Февруари 2019
П В С Ч П С Н
28 29 30 31 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 1 2 3

Најнови вести

Работен состанок на СУНРРМ…

Работен состанок на СУНРРМ

На 12.02.2019 година, на иницијатива на…

Повеќе...

Прва конференција на СУНРРМ…

Прва конференција на СУНРРМ

На 12.12.2018 година, СУНРРМ одржа прва…

Повеќе...

Соработка со регулаторно тело од Црна Гора…

Соработка со регулаторно тело од Црна Гора

На 27.11.2018 година во рамките на Минис…

Повеќе...

Присуство на Министерска конференција…

Присуство на Министерска конференција

Во период од 26.11.2018 до 30.11.2018 го…

Повеќе...

Континуирано професионално усовршување на СУНРРМ…

Континуирано професионално усовршување на СУНРРМ

Но рамките на реализација на Годишната п…

Повеќе...