1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Работен состанок со Министерство за финансии

По барање на претседателот на Советот за унапредување и развој на ревизијата на Република Македонија Премтим Исени, на 07.06.2018 година во министерството за финансии се одржа работна средба со министерот за финансии на Република Македонија, д-р Драган Тевдовски.

На средбата присуствуваа и Координаторот на стручната служба на Советот, Дафина Талева Хаџи-Васкова и раководителот на секторот за финансиски системи Ленче Тагасовска.

Целта на oваа работна средба беше запознавање на министерот со активностите на Советот, мисијата и визијата на Советот во унапредувањето на професијата и зачленувањето во меѓународни тела во наредните години. Од особено значење беа истакнати активностите што ги презема Советот за членство во ИФИАР како и бенефитите од истото, пред се зголемена комуникација на Советот со сродни регулаторни тела и можност за вклучување во заеднички проекти.

Министерот за финансии беше запознат со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат при работењето физичките и правните лица кои вршат работи на ревизија, значењето на Советот во подобрување на квалитетот на финансиското известување и потребата од интензивирање на соработката на министерството за финансии и Советот при изготвувањето на новиот Закон за ревизија.

Календар на настани

Декември 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Најнови вести

Работна средба на СУНРРМ и ИОРРМ…

Работна средба на СУНРРМ и ИОРРМ

На 19.11.2018 година, во просториите на…

Повеќе...

Присуство на презентацијата на "Извештајот за РМ"…

Присуство на презентацијата на

Присуство на презентацијата на "Извештај…

Повеќе...

Соработка со Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија…

Соработка со Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија

На 12.09.2018 година е потпишан Меморанд…

Повеќе...

Соработка со регулаторното тело на Република Косово…

Соработка со регулаторното тело на Република Косово

Потпишувањето на Меморандумот за соработ…

Повеќе...

Работен состанок со Министерство за финансии…

Работен состанок со Министерство за финансии

По барање на претседателот на СУНРРМ, Пр…

Повеќе...