Вработување во СУНР на РМ
Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија е институција која е секогаш отворена за итервјуа со заинтересираните кадидати. Високо го цениме професионализмот и експертизата и промовираме работна средина каде индивидуалните вештини се стимулирани, а знаењето ефикасно се применува. Работата во нашиот Совет е работа во која обуката и учењето се дел од курсот, вие само треба да демонстрирате подготвеност за успех и потенцијал за напредок.
Доколку сакате да ја креирате иднината на оваа институција, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на нашиот тим, а не можете да најдете активни огласи за вработување во нашата институција, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. со наслов "Вработување".
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, нашата институција врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.