1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Основна дејност

 

Надлежности

 

Согласно Законот за ревизија (Сл. Весник 158/10, 135/11, 188/13, 43/14, 138/14, 145/15, 192/15, 23/16 и 83/18), Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија има точно одредени обврски и надлежности кои се дел од неговата основна дејност.

Согласно член 8 од Законот за ревизија работата на Советот се состои од следново:

  1. донесува статут, деловник за работа, годишна програма, финансиски план и годишен извештај,
  2. донесува Тарифник за издавање на лиценца за овластен ревизор, лиценца за работа на друштва за ревизија и лиценца за работа на овластен ревизор-трговец поединец,
  3. издава и одзема лиценца за овластен ревизор, лиценца за работа на друштво за ревизија и лиценца за работа на овластен ревизор-трговец поединец врз основа на правила и постапки пропишани од Советот,
  4. иницира контрола на друштвата за ревизија, овластените ревизори-трговци поединци и на овластените ревизори од страна на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија,
  5. дава согласност на Статутот и другите акти на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија, ја следи нивната примена и му предлага на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија нивно изменување и дополнување,
  6. го следи спроведувањето на годишната и тригодишната програма за контрола преку извештаите добиени согласно член 20-а став (5) на овој закон и преку учество во комисијата на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија надлежна за контрола,
  7. го следи спроведувањето на годишните програми за полагање испит и за континуирано професионално усовршување на Институтот на овластени ревизори на Република Македонијa,
  8. ја следи постапката што ја спроведува Институтот на овластени ревизори на Република Македонија за признавање на квалификации за ревизор стекнати во странство,
  9. врши надзор над Институтот на овластени ревизори на Република Македонија,
  10. изрекува мерки на овластени ревизори, друштва за ревизија и овластени ревизори трговци-поединци, согласно овој закон и го пропишува начинот на утврдување на меркитe,
  11. дава насоки на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија за прашања за кои е надлежен согласно со овој закон,
  12. ги проверува извештаите за транспарентност согласно со членот 35 од овој закон,
  13. ја следи примената на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на него и врз таа основа му предлага на министерот за финансии изготвување на соодветни изменувања и дополнувања на истите,
  14. воспоставува соработка со домашни, странски и меѓународни институции,
  15. донесува процедури за соработка и размена на податоци со Институтот на овластени ревизори на Република Македонија,
  16. донесува годишен план за вработување на државни службеници,
  17. донесува годишен план на обуки за сите вработени,
  18. одлучува за други прашања за вработените, и
  19. врши други работи утврдени со овој закон и Статутот.

 

Мисија

 

Мисијата на Советот е преку стручни анализи, препораки, советувања и вршење независен јавен надзор на ревизијата, да работи во насока на нејзино унапредување, поттикнување и придржување кон високите професионални стандарди. Со тоа се зголемува довербата и транспарентноста на податоците и информациите во финансиските извештаи на деловните субјекти и се намалуваат потенцијалните ризици со што се влијае кон подобрување на целокупната деловна клима во Република Македонија.

Вредностите придонесуваат кон постигнување и остварување на мисијата на Советот ценејќи дека тоа се остварува преку јакнење на внатрешната организација и зголемувањето на ефикасноста и ефективноста во работењето. Реализацијата на мисијата се остварува преку:

  • Обезбедување интегритет, конзистентност, точност и чесност при остварување на целите и активностите;
  • Утврдување приоритети во постигнувањето на мисијата на Советот во годишните програми за работа на Советот за периодот од 2017 до 2019 година;
  • Транспарентност преку обезбедување навремено и јасно информирање на јавноста и професијата за своите активности, одлуки и заклучоци;
  • Висок степен на професионализам и висок интелектуален капацитет; и
  • Подржување тимски дух и култура на споделување на знаењето во тимска работа.

 

Визија

 

Визијата на Советот е преку независен јавен надзор да го поттикне придржувањето кон високите професионални стандарди од страна на друштвата за ревизија, овластените ревизори – трговци поединци и овластените ревизори. На тој начин ќе се зголеми довербата и транспарентноста на податоците во годишните сметки и финансиските извештаи на трговските друштва и останатите правни лица кои го подведуваат нивното финансиско известување на ревизија.

Календар на настани

Декември 2018
П В С Ч П С Н
26 27 28 29 30 1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31 1 2 3 4 5 6

Најнови вести

Работна средба на СУНРРМ и ИОРРМ…

Работна средба на СУНРРМ и ИОРРМ

На 19.11.2018 година, во просториите на…

Повеќе...

Присуство на презентацијата на "Извештајот за РМ"…

Присуство на презентацијата на

Присуство на презентацијата на "Извештај…

Повеќе...

Соработка со Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија…

Соработка со Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија

На 12.09.2018 година е потпишан Меморанд…

Повеќе...

Соработка со регулаторното тело на Република Косово…

Соработка со регулаторното тело на Република Косово

Потпишувањето на Меморандумот за соработ…

Повеќе...

Работен состанок со Министерство за финансии…

Работен состанок со Министерство за финансии

По барање на претседателот на СУНРРМ, Пр…

Повеќе...

Линкови