Нов меморандум за соработка

Во периодот од 02.11.2015 година до 04.11.2015 година, Претседателот на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија со претставник од вработените во Советот беше во посета на Комисијата за јавен надзор на овластени ревизори на Република Бугарија. Целта на оваа посета беше воспоставување и зајакнување на соработката меѓу двете регулаторни тела. Во … Read more

СУНР на работна посета во Тирана

На 16.09.2015 година, г-ѓа Соња Ѓелова Стојанова беше во работна посета на Амбасадата на Република Македонија во Албанија. На работната средба присутен беше и амбасадорот на Република Македонија во Тирана, г-дин Стојан Карајанов. Нa состанокот се дискутираше околу надлежностите и овластувањата на Советот како независно и самостојно регулаторно тело на ревизијата во Република Македонија.

Колм Дун во работна посета на СУНР

На 21.10.2015 година во работна посета на Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија беше висок претставник на Европската комисија г-дин Колм Дун. На состанокот присутни беа Претседателот на Советот, Соња Ѓелова – Стојанова, претставници од вработените на Советот и д-р Атанаско Атанасовски како консултант во Центарот за реформи во финансиско известување … Read more

СУНРРМ на конференцијата FrCop

На 14-ти и 15-ти Октомври 2015 година, Претседателот на Советот, г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова и претставник од вработените на Советот учествуваат на конференцијата FrCop организирана од Светска Банка – Центарот за реформи во финансиското известување од Виена. Конференцијата се одржа во Тирана, Република Албанија и на истата свои излагање имаа сите учесници, вклучително и … Read more

Меморандум за соработка со ОЈН Албанија

На 13.10.2015 година, Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија и Одборот за јавен надзор на Република Албанија потпишаа Меморандум за Соработка. Овој меморандум отвара простор за понатамошна успешна соработка, размена на информации и искуства и зајакнување на капацитетите со цел унапредување и надзор на ревизијата во двете земји. Потписници на Меморандумот … Read more

Континуирано и професионално усовршување

Од 30.09.2015 до 02.10.2015, Претседателот на Советот г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова со дел од вработените учествуваа на предавањата за Континуирано професионално усовршување организирани од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија во Хотел Сириус, Струмица, Република Македонија. На 02.10.2015 година претставник од вработените на Советот одржа презентација пред присутните овластени ревизори на тема: Пазарот … Read more

Нов меморандум за соработка

На ден 16.07.2015 година во Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина Советот потпиша Меморандум за соработка со Министерство за финансии на Република Српска, Босна и Херцеговина. Со овој Меморандум се отвара простор за понатамошна успешна соработка, размена на информации и искуства, зајакнување на кадровските капацитети, како и зајакнување на системот на надзор на ревизијата … Read more

СУНР на работна посета во Љубљана

На ден 15.07.2015 година, Претседателот на Советот Соња Ѓелова – Стојанова беше на работна посета на Амбасадата на Република Македонија во Љубљана, Република Словенија. На средбата присуствување Аташето г-дин Александар Димовски. Претседателот на Советот ја запозна Амбасадата на Република Македонија во Словенија со улогата, целите и визиите на Советот со цел меѓународна афирмација на Советот … Read more

Меморандум за соработка со АЈНРРС

На ден 15.07.2015 година во Љубљана, Словенија во седиштетото на Агенцијата за јавен надзор на ревизијата на Република Словенија, Советот ја продлабочи својата соработка со тамошниот регулатор со потпишување на Меморандум за соработка. Со овој Меморандум се отвара простор за понатамошна успешна соработка, размена на информации и искуства, организирање на заеднички контроли и зајакнување на … Read more

СУНР на конференцијата EduCop

На 09 и 10 јуни 2015 година во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Претседателот на Советот г-ѓа Соња Ѓелова – Стојанова и двајца вработени во Советот присуствуваат на конференцијата EduCop организирана од страна на Светска банка на тема Постигнување на квалитет во образованието: Усогласнување на универзитетските наставни програми со меѓународните стандарди. Претседателот на Советот, одржа … Read more